4Connect за Корисници на услуги

4connect.eu е дигитална платформа за директно поврзување на понудувачи и клиенти преку интернет врз основa на персонализирани барања за извршување на услуга.

Ви овозможува нов, модерен и брз начин да пронајдете понудувач на услуга која ви е потребна, кој е квалитетен, со прифатлива цена и слободен кога ви одговара.
Ви олеснува во барањето и одлучувањето за услугата која ви е потребна без долго да пребарувате и објаснувате на секој посебно за што се работи?

 

Како функционира 4Connect за Корисници


1. Одбирате која услуга ви е потребна

Пребарајте и одберете ја услугата за која ви е потребен понудувач преку навигирање на понудените категории и подкатегории на услуги.

2. Креирате барање за понуда

Кликнете на услугата, најавете се, и во неколку едноставни чекори го креирате своето барање селектирајќи ги карактеристиките кои ја опишуваат вашата услуга , локација и период на изведба

3. Добивате понуди од потенцијални понудувачи

Барањето автоматски се испраќа до сите понудувачи кои одговараат на спецификацијата која сте ја креирале за услугата што ја барате. Во својот профил разгледајте ги добиените понуди за вашето бареање.

4. Го одбирате најдобриот понудувач

Се што останува на Вас е да ја изберете најповолната понуда и да го договорите ангажманот со понудувачот на усуга кој сте го одбрале.